👁️  1230

Автор: БУРЛИЈОВСКИ ПЕТКО – Претседател на невладината организација “ПРЕВЕНТ ПЛУС -Битола”.

За што поголема победа на наредните парламентарни избори од ВМРО ДПМНЕ како единствена македонска партија која има можност да ја тргне од власт оваа ненародна македонска влада која изминатиот период Македонија и македонскиот народ ги доведе во секое поле на работ на постоењето, сакам со совое мислење и предлози на Г-дин Мицкоски да му помогнам. Имено во секојдневните настапи Г-дин Мицкоски покрај останатото да укажува и го користи следното:

  • Постојано да го користи терминот македонски народ и останатите националности во РМ (макеонскиот народ ја создал со крв оваа држава 1944 год, а изродите го изедначија како заедница дури и со заедници кои беа постојано против македонската држава)
  • Постојано да се обраќа до меѓународната заедница со барање за вршење на притисок на Бугарија да го признае македонското малцинство таму со сите права кои му следуваат согласно меѓународните конвенции за човекови права и признавање на 16-те пресуди од судот за човекови права во Стразбург. Истовремено да се обраќа до бугарскиот народ со објаснување да врвот на Бугарија врши геноцид врз македонскиот народ кое крајно се одразува негативно во односите помеѓу бугарскиот и македонскиот народ.
  • За малцинските права во Македонија да се повикува на меѓународниот принцип „Реципроцитет “. РМ е независна држава и потполно право има на тоа, особено принципот да важи за новото измислено бугарско малцинство во РМ но и за албанското малцинство. Да се бара правата на албанците во РМ да бидат како правата на македонците во Албанија, и таму според нивните закони малцински права (право на образование на мајчин јазик, право користење на мајчин јазик како службен имааат оние малцинства кои се застапени со 20 %), според предходното треба на албанците како заедница во РМ да му се укажува и објаснова и да беспредметно е брањето да се избриши процентот од 20 % во Уставот на РМ за користење на службен јазик на заедниците во РМ, тоа е направено во договор со преставници на албанската заедница и меѓународниот фактор со Охридскиот договор.
  • Да се бара начин со кои во македонскиот устав ке биде одвоен и споменат како државотворен народ македонскиот народ (со повик на АСНОМ кога од Македонскиот народ е создадена Македонија) а останатите заедници да се набројуваат само како заедници кои живеат во РМ и ги имаат сите права согласно меѓународните конвенции.
  • За целосна победа на ВМРО ДПМНЕ потребно е многу поотворен настап во смисол на барање на сите граѓани на РМ да гласаат за ВМРО ДПМНЕ која како најголема македонска партија во услови кога македонскиот народ и држава се загрозени однадвор и однатре како на економски план со падот на економијата и стандардот на граѓаните со секојдневните поскапувања на основните производи, со отуѓување и раскрчмување на македоските ресурси како рудните богаства, хидроелектрани, банки, осигурителни компании и сл. каде ќарот и добивките се носат во странство, така и на политички план со непризнавање на македонскиот народ и јазик кои досега иако беше признат, потоа со поделба на власта на албанска и македонска со што македонскиот народ се доведе во народ од втор ред и сл. Во моментот ВМРО ДПМНЕ со коалицијата е единствена партија со подршка на народот која Македонија може да ја извлече од оваа криза.
  • Интерпретирање на сите членови од асиметричните договори со Грција и Бугарија со кои Македонија е доведена во потчинета положба во однос на тие држави. Проблемите со тие држави дополнително ќе ги имаме. Тоа да го прави Г-дин Мицкоски но и поедини професори, правници, историчари и сл. преку медиуми во поголемите градови во РМ.
  • Целосна македонска подршка на македонското иселеништво во светот за нивно опстојување како македонци таму, потребни се постојани контакти со нив, решавање на нивните особено административни проблеми, организирање на посети на младите македонци во татковината, но и на бизнисмени македонци кои со повластици би инвестирале во Македонија, потоа давање на државјанства на сите македонци по род со тоа што предходно треба да се измени законот за државјанство на РМ.
  • Подршка на македонските малцинства во соседните држави со постојани комуникации со нив на културен план (гостување на театри, играорни групи, ликовни и останати културни работници, бесплатно образование во РМ на ученици и студенти од македонските малцинства), воспоставување на взаемни бизниси како индивидуални така и преку општините со прекугранична соработка, заштита на нивните права со непосредни контакти со преставници од тие држави но и во меѓународни форуми задолжени за човекови права.
  • Подобрување на севкупната економска состојба во РМ и подобрување на стандардот на граѓаните со воспоставување на бизниси како со земјите од ЕУ, САД и др. но и со други земји од кои Македонија би имала економски бенифит, всушност тоа го прават сите држави
  • Зголемување на на наталитетот и спречување и иселување на младите, наталитетот постојано опаѓа кај македонците и тоа треба час поскоро да се спречи, единствен начин е да се инвестира во секое новороденче, тоа може да се врши преку созадвање на доброволен фонд во МПЦ за таа намена кој ќе доделува срества за секое новороденче. Фондот би функционирал нешто слично како синдикалната чланарина, со тој фонд би раководел Управен одбор од чесни и познати луѓе. Преселбата на младите би се спречила со претворање на Македонија во чесно општество во кое правото би важело подеднакво за сите и сите кои би се огрешиле од законот ќе одговараат и младите би имале по активна улога, а и принципот на способност би се применувал. Вработувањето и унапредувањето во државните органи би се вршело согласно критериумите: соодветно стручно образование, стручноста и професионалноста а не по партиски а најмалку по национална припадност како што се правеше досега
  • За Председател на РМ предлагам да бидат предложени Г-дин Коцарев актуелен председател на Академијата на науки на РМ и професорката Г-га Каракамишева, и двајцата би биле одлични председатели, и двајцата се врвни интелектуалци, големи патриоти и авторитетни во РМ.
    Тоа се само дел од моите ставови и мислења за подобро функционирање на државата во која би било задоволно мнозиството од граѓаните.
    17.10.2023 год.
    Битола