Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ
Беа СДСУ кога навиваа за Петер Маѓар и сеирџиски го тролаа Орбан. Со недели. Сфатија доцна дека Петер е копија на Виктор, па замолчеа. Па фатија урнебесно да навиваат за Радев. Уште не изгласана, Венко му честиташе Влада, со голема доза кодошлук кон Македонија. Им прилега, признајте. Исто како што по 50-та година нема да утнеш кое апче и да го испиеш, така и нема утка со изјавите на Филипче. Тешка мизерија, со гаранција, нема шанса за промашување кај мајсторот на инфантилни наративи и евтини прикаски, преевтини, на кои и Тарантино може да му подзавиди. Венко Пајтон или Фенко Тарантино, изберете…
И така, деновиве СДС си стана СДСБ, Социјалдемократски сојуз на Бугарија. Како Македонци никогаш и не се идентификувале. Беа Југословени, па Европјани, а сега им личи да си бидат Бугари, со среќа нека им е. Ако тоа е начинот да дојдат на власт, чедата Заеви немаат никаков проблем да го сторат истото. „Мање важно“, битно да врви тоа криминогениот лапни-дрпни СДС караван, макар биле и СДСБ, макар смениле име, знаме ли, донеле двојазичност, направиле територијална поделба, внеле Бугари во устав ли, продале револуционери и историја, не е битно. Башка, влогот е многу поголем, не се работи само за власт. Тука е моќта, за да останат на слобода, пак да го „распупат“ тоа судството, да си го спасат задникот. Тука лежи зајакот, не во Дубаи. Некому многу му гори под тоа ноџињата криминогени. Па „пумпа“ ли пумпа, ко навиен. Некој кого премногу ГО ИМА, затоа што знае дека наскоро ќе ГО НЕМА. На слобода…
Искрено, ако го видите однесувањето и дејствувањето на Филипче, ќе помислите дека има војна. Секој ден прес-конференција без да има потреба за неа, закитена со едни те исти лаги и манипулации, па гостување во некоја ТВ на пенал-прашања, па интервју за некој од нивните порталчиња. Отворате фрижидер и таму е тој, Венко, та ја брани Бугарија, ја куди Македонија, па измислува криминал во власта, пе пелтечи, па ја фали Грција, па новинарите му се криви, па се тресе од нервоза, па Орбан бил проблемот, па мигрантите доаѓале, па ќе сме банкротирале, од тешка во потешка глупост, вистинска СДС хистерија зачинета со тони мизерија.
Веројатно, не е баш психички здраво за еден Македонец да ја браниш Бугарија во исто време кога нивната министерка за надворешни уште не ни дошла на функција со голем ќеф и злорадост те нарекува С…ромакедонец. Искомплексираната Татарка Весислава ти фаќа сеир, а ти ко некоја си Венкослава се пенавиш ко ајван дека тие биле супер, дека македонската, демек твоја, држава ширела параноја, дека ти си Европеец и космополит и дека мора да се внесат во Устав, така се засилувала државата?!?!?! Врв на безрбетништво, коленичарство, автошовинизам, оикофобија, самопрезир, потпушување и пак, бескичмењаштво пуштено на најјако. Пола од врхушката пронајдена како продукт на клистрација на Радев…
Башка, за нејзината навреда да си бил виновен лично ти, 102% „крив“ како дел од бандата Заевци кои како северџанско злосторничко здружение со голем елан го сменија името и им овозможија на хохштаплерите да ги прават сите овие антимакедонски гомненици. Арно ама, ум не ти доаѓал, никако. Ко слеп за стап си се фатил да удираш контра Македонија и Македонците, тонејќи во сопствената СДС/СДСБ тиња, исто како суртук кој прета 100 на саат додека тоне во живата кал. Жива глупост, поверојатно.
И после, Цацко ќе ти биде крив што Чом дошол да го изгасне светлото на Бихаќка, а народот на чинот со голема доза на олеснување ќе рече АИРЛИЈА!








