Коалицијата на Египќани со поддршка за Владата: Да не се попушта под притисоци без цврсти гаранции од ЕУ

Припадниците на етничката заедница на Египќани, иако реалтивно мали по број, се истакнати лојалисти, патриоти кои секогаш биле конструктивни и ги штителе националните интереси на Македонија. Свесни сме дека полноправното членство во ЕУ е стратешка цел на мултиетничка и унитарна Македонија, но притоа неопходно е потребно да се обединиме и сплотиме околу националните интереси на државата Македонија.

Во овој контекст, трееба да се солидаризираме со ддоминантниот Македонски народ, како државотворен народ, и не треба да се преговара околу нејзиниот јазик, култура, историја и идентитет, а исто така е непринципиелно да попуштиме пред непринципиелните притисоци и отстапки во врска со промена на Уставот, без притоа да се добиваат цврсти гаранции дека во понатамошниот процес нема да има дополнителни барања.


Ако, некој треба да биде спомнат во Преаамбулата на Уставот, тоа се Египќаните.Но, ние не инсистираме по секоја цена, бидејќи пред се и над се ни се националните интереси. Се залагаме за остварување на правата и слободите во рамките на Уставот и законите, и во таа насока силно ги поддржуваме ставовите на Владата на Македонија, предводени од лидерот, Проф.Д-р Христијан Мицкоски, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Дипл.правник Демир Далип, која најави серија на средби со највлијателните Амбасадори во земјата, околу образложението за одбрана на македонските национални интереси.