👁️  187

Во претходниот период Европа ја потресе темата старосна граница за пензионирање која ја иницираше Франција.

Францускиот претседател Емануел Макрон сака да спроведе реформа со која ќе се оди во пензија на 64 наместо на 62, како што беше случајот досега.

Имено, проблемот во Франција со пензиската реформа е што повеќето луѓе мислат дека иако реформите се неопходни, сега не е вистинско време за тоа бидејќи стандардот на живеење е веќе загрозен од светската криза, но и од пандемијата.

Французите имаат генерално подолг животен век, па просечниот француски пензионер троши 21,5 години во пензија, додека жените околу 25,4 години.

Еве како е во другите европски земји.

Број на години за пензионирање во Европа:

Германија – 65 години и 10 месеци, од 2031 година границата се поместува на 67,

Австрија – мажи 65, жени 60, до 2033 година оваа разлика се изедначува,

Белгија – сите на 65 години, од 2025 година ќе биде 66, а од 2030 година дури 67.

Бугарија – мажи 64 и 5 месеци, а жени 61 и 10 месеци, до 2030 година разликата ќе се намалува разликата на 65,

Летонија – најмладите пензионери имаат 64 и 3 месеци, од 2025 година сите ќе имаат 65 години,

Кипар, Унгарија, Словенија, Лихтенштајн, Луксембург, Шпанија – 65,

Естонија – 64 години и 3 месеци, одејќи на 65 од 2026 година,

Финска – денес со 64, од 2027 година со 65,

Литванија – мажи на 64 години и 4 месеци, а жени на 63 и 8 месеци, од 2026 година сите на 65 години,

Малта – оние родени пред 1962 година се пензионираат на 64 години, а помладите на 65 години,

Хрватска – мажи на 65 и жени на 63 години, со достигнување до 2030 година,

Данска – 67, со дури 69 до 2035 година,

Грција – од 62 до 67,

Романија – мажи на 65 и жени на 61 година и 9 месеци, што постепено ќе се зголемува на 63 до 2030 година,

Ирска и Велика Британија – сите со 66,

Исланд и Италија – сите со 67,

Португалија – целосна пензија се стекнува на 66 години и 7 месеци возраст,

Холандија – сите 67 од јануари следната година,

Полска – жените се пензионираат на 60, а мажите на 65 години,

Словачка – од 62 години и 10 месеци до 64,

Швајцарија – 65 за мажи и 64 за жени.

Кај нас мажите одат со 64 години во пензија, а жените со 62.