Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг, Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела.
Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година.
Јанг во завршните зборови пред судот призна вината и изрази каење.
Милиони вработени во огромниот државен апарат се под истрага за време на долгогодишната антикорупциска кампања што ја започна кинескиот претседател Шји Џинпинг. (МИА)







