Кина им забрани на 20 јапонски компании да примаат кинески стоки за цивилна и воена употреба

Кинеското Министерство за трговија денеска стави уште 20 јапонски компании на списокот за контрола на извозот, забранувајќи им да примаат кинески стоки за цивилна и воена употреба.

На списокот е и на јапонскиот Национален институт за одбранбени студии и филијалите на „Мицубиши Електрик“. На компаниите повеќе не им е дозволено да увезуваат производи со двојна употреба од Кина.

Кина тврди дека мерката е насочена кон фирми кои соработуваат со јапонската армија, а ограничувањата имаат за цел да ја заштитат националната безбедност на Кина и да се исполнат меѓународните обврски.


Контролите се однесуваат и на странски компании или поединци кои сакаат да снабдуваат кинески стоки со двојна употреба.

Кина во февруари воведе слични забрани за 40 јапонски компании во воздухопловниот и одбранбениот сектор.