КАЛАС: Ситуацијата на бојното поле е тешка, ЕУ мора да ја поддржи Украина со толкава воена и финансиска помош, колку што е потребно

Европската Унија мора да ја поддржи Украина „колку што е потребно“ во нејзината борба да ја одбие руската инвазија, изјави денеска именуваната Висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.

– Ситуацијата на бојното поле е тешка. И затоа мора да продолжиме да работиме секој ден. Денес, утре и онолку долго колку што е потребно и со толкава воена, финансиска и хуманитарна помош колку што е потребно, истакна Калас пред пратениците.

фото: ЕПА