Истакнатиот актер Митко С. Апостоловски почина денес на 67-годишна возраст, во неговиот роден град Битола.
Јавноста се простува со него на социјалните мрежи, и се објавуваат видеа со сцени од многуте филмски проекти во кои тој учествувал во изминатите децении. Но, покрај остварените филмски улоги, многуте улоги во популарни ТВ серии, како и театарски улоги, дел од јавноста се сеќава на Апостоловски и како на човекот кој беше главен протагонист во музичко видео, со кое Македонија за прв пат беше спомната во светски популарното музичко списание ,, Rolling Stone”.
Станува збор за видео запис од 2016 година на познатиот бенд ,,Faith no more” за песната ,,Cone of shame”, чиј режисер е Гоце Цветановски. Видеото е снимено во кафеана во Македонија, и истото се објави на интернет изданието на ,,Rolling stone”.





