Јокиќ без проблеми го наполни кошот на Оклахома (Видео)

Денвер нагетс беше подобар од Оклахома сити тандер со 128-95 на третиот меч сезонава во НБА-лигата, а најдобар на теренот беше Србинот Никола Јокиќ.

Јокиќ го заврши натпреварот со дабл-дабл, односно постигна 28 поени, 14 скокови и пет асистенции.

На спротивната страна за ривал го имаше дебитантот во лигата, Чет Холмгрен, кој беше најефикасен кај Оклахома.


„Чет е талентирано момче, ова му е прва година во НБА. Мислам дека мора да стави некој килограм повеќе на себе и ќе биде одличен“, кажа Јокиќ за талентираниот кошаркар.

Chet Holmgren tryna guard Jokic is sad 😭 pic.twitter.com/1Zc6qUEcgY

— BenMuse (@BenSimmons_Muse) October 29, 2023