ЈАПОНИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД РУСКИOT ГАС: За нас течниот природен гас од Сахалин-2 игра исклучително важна улога, изјави Јоџи Муто

Јапонскиот министер за трговија Јоџи Муто изјави дека Токио во однос на увозот на руски енергенси ќе дејствува врз основа на националниот интерес и во координација со меѓународната заедница.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант минатата недела му пренел на јапонскиот министер за финансии Кацунобу Като дека администрацијата на Доналд Трамп очекува Јапонија да престане да увезува руски енергенси.

– Од инвазијата на Украина, Јапонија постојано ја намалува својата зависност од руската енергија, наведе Муто, без да ја коментира изјавата на Бесант.

Тој додаде дека течниот природен гас од Сахалин-2 игра исклучително важна улога во енергетската безбедност на Јапонија, истакнувајќи дека придонесува околу три проценти од вкупното производство на електрична енергија.

фото: архива