ЈАНЕВСКИ: Како македонско општество не треба да одиме по патот на омразата, соработката да се преслика во уметноста, спортот и други области (2)

Не треба да има антибугарска омраза, ниту да градиме антибугарско чувство, туку да се поставиме сосема поинаку, со работа на проекти како што е случајот со меѓуграничниот желенички тунел, за кој ќе бидеме готови пред нив, оценува Дарко Јаневски, директор на МИА, во интервју за „Проверитас“.

Според Јаневски,  именувањето на бугарските културно уметнички клубови  во изминатиот период имало цел да испровоцира конфликти, а бројот на Бугари што излегуваат на гласање во бугарската амбасада во Скопје покажува колку од нив се реално и вистински заинтересирани за таков вид промоција на нивното бугарско национално чувство.

– Ние како Македонија, како македонско општество не треба да одиме по тој пат – порачува Јаневски.

Тој вели дека кај нас треба да се претстават историски случувања за кои не се знае, а се кријат во Бугарија, а преку кои се доловуваат повеќе аспекти за разлика од тоа што се наметнувало со пропагандите за одредени историски личности во времето на комунизмот.  Го посочува случајот со Пејо Јаворов, како што вели, етнички Бугарин и познат поет и многу близок пријател на Гоце Делчев.

Јаневски посочува дека во уметноста, спортот и други области треба да се преслика соработка и промоција за заеднички бенефити и да нема изолација, а според примерот со енергетската иницијатива што ја изнесе премиерот Христијан Мицкоски за земјите од Западен Балкан која има потенцијал од 26 милијарди евра годишно.

Неприфаќањето на уцените, смета Јаневски, не значи изолација. Укажува на потребата од единственост и на опасноста дека доколку се направат уставните измени без гаранции за шест месеци државава повторно ќе се соочи со блокада.

– Ние мораме тие односи да ги градиме, за да ги разбереме тие луѓе, и потоа на политичко ниво да имаме алатка да ги знаеме како размислуваат,  да може да се справиме со нив, и да го добиеме тоа што ние сакаме и во крајна линија не себеси, туку на цел свет да му докажеме, слушај ова не оди вака. Не уценувате и не прифаќаме, ќе останеме ќе тераме сами. Ама тоа не значи изолација. Тоа е пак проблемот. Пак доаѓаме на домашен терен којшто во интервју за МИА го истакна претседателката Сиљановска. Не можам да се убедам со опозицијата дека треба да бидеме единствени. Не може власта да вели нема Бугари во Устав без гаранција, а вие да се нудите сами. Со 120.000 гласови, да се нудите сами на Брисел – донесете не нас на власт, ние ќе ги внесеме Бугарите. Да, ќе ги внесете, за шест месеци ќе не блокираат пак. И што ќе правите, што оправдување ќе имате тогаш? – вели Јаневски.

Ајде да проговориме за овие тн. разни културни центри коишто се отвараа во Македонија, културни клубови како ги викаат, коишто носеа имиња на луѓе коишто никогаш не се занимавале со култура. Едното е Иван Михајлов, таму беше Фердинанд… Значи претседатели на истите клубови беа луѓе со многу сомнително минато, луѓе коишто дистрибутираа книги со лажни истории, значи се измислуваа разни несреќи дека а некоја сообраќајна несреќа што имаат направено кај што се виновни па се претставуваа жртви, па некој дилер на дрога што бил претепан за нешто се претстави како жртва поради тоа што е Бугарин, сакаат да прикажат системска државна репресија, но некако со промената на власта, со доаѓањето на оваа нова постава на ВМРО-ДПМНЕ во последниве години, како да спласна целата таа приказна. Што мислите дали последниве две години имаме една државна стратегија, па малку и не им е толку лесно на тие пропаганди коишто ни доаѓаат од исток?

– Па прво не им е лесно затоа што не успеваат да најдат тло. Второ, не можете вие во Македонија да основате клуб, еве некој културно уметнички клуб и да го наречете Ванчо Михајлов или Иван Михајлов, демек по бугарски, по македонски е нели Ванчо Михајлов. Не може. Има Македонци кои сметат дека е во ред Ванчо Михајлов, не е толку црн, јас не се согласувам со тоа. Има Македонци кои сметаат така. Меѓутоа, поголемиот дел го сметаат едноставно за предавник на Македонија.

Ама што културен клуб?

– Тоа е посебна приказна, тоа име го ставаат како наслов на културноуметнички клуб или како и да го крстите, не е битно. Самото тоа, бидејќи не сте толку неинтелигентен, не може да кажеме дека  е така. Самото тоа покажува дека вашата идеја е всушност да направите провокација, да испровоцирате некаков конфликт. И сето ова потсетува, ако се сеќавате на времето имаше во тетовски школи или така нешто, каде што учат и Македонци, меѓутоа со некаков мистериозен гас се труеја исклучиво албанските деца. Чекај малку сега. Овој Македонецот е на два чекора од тебе, како нему не му е ништо, а вие паѓате во – не знам, несвест и сте отруени. Отприлика таа шема се обидуваат и овие сега да ја направат. Како и тоа ако сте Бугарин по националност, тогаш вие имате проблеми што апсолутно не е точно. Никој никого во оваа држава не го закача и никого не го интересира што си по националност. Или ако одиш да извадиш извод за родени од надлежната служба на Македонецот ќе му го дадат за два дена, а тебе ќе те малтретираат за пет дена затоа што си ти Бугарин? Не, тојј не го ни гледа тоа, му е гајле, туку едноставно не функционира и за Македонецот и за Бугаринот. Тоа што нив ги има само 3.000 по попис, тоа не е моја вина. Ама, велат, имате 100 илјади или не знам колку бугарски пасоши. Да, има, меѓутоа на пописот излеговте 3.000. Што да правиме.

И видовме колку гласавте на крајот на краиштата.

– Да. И во крајна линија кога има гласање, тие имаат право нели да гласаат во амбасадата и излегуваат бројки колку луѓе отишле да гласаат, што покажува колку од нив се реално и вистински заинтересирани за таков вид на промоција на нивното бугарско национално чувство. Она што ние мора да го направиме, е тоа што го говорев пред малку. Ние како Македонија, како македонско општество не треба да одиме по тој пат. Не треба да има антибугарска омраза, односно антибугарско чувство да градиме. Не, обратно треба да се поставиме. И ние треба да вршиме притисок како што се прави на пример за тунелот таму. Ние ќе бидеме пред нив готови на тунелот на пругата кај Крива Паланка. Тие немаат абер, не почнале. Дојде нивниот министер се сликаше со нашиот министер Николовски и заврши приказната. Јас сум правел репортажа, на пример, имам пратено своевремено екипа која што се качи во воз во Ѓуешево, а возачот со службениот автомобил отиде да ја чека екипата во Софија. Се возеше до Софија таа екипа и направија репортажа. Ним им треба таму современа пруга. Тие не сакаат да ја направат.  Тие не сакаат таа граница да се отвори и да постои поголема размена на трговија, поголемо движење. Ние треба да одиме по другиот пат.  Добро – вие терајте така. И тука јас не можам да ги разберам на пример тие што се занимаваат во таа област. Зошто за нас не е тоа што го кажав, зошто за нас не е интересен бугарски пејач. Не знам, јас не ги знам, не ја следам таа област, не ја следам ни српската, и.т.н. Меѓутоа, ако има некоја убава пејачка од Грција, од Србија која што е атрактивна за дел од македонската популација, зарем малку се Бугарки, зарем малку се од Грција такви. Зошто ние тоа не го правиме? Ние мораме да ја свртиме работата и да одиме. Ние не можеме еве имавме или имаме во крајна линија се уште проблем со Грција зашто го сменивме името. Не можеме да останеме закопани во тој ров. Добро, било што било, тоа се случи затоа што ние самите го дозволивме тоа и самите имавме проблем со таа влада. Тоа не значи дека сега треба да ги мразиме Грците. Напротив, треба да вршиме притисок – отворете, нека оди народ, доаѓајте и вие овде да ја завршиме таа работа.


Еве баш идејава знаеш во една дебата со еден од луѓево што е во овие клубовите му викам добро еве зошто Иван Михајлов го крстивте клубот зошто не го крстивте ако велите дека сте културен клуб, и ако сакате да бидете мостот помеѓу двата народа,  на пример Пејо Јаворов бил познат поет етнички Бугарин, меѓутоа многу близок пријател на Гоце Делчев кој пишувал многу убави песни и член на организацијата нели на ВМРО.

–  Тој по потекло е Ерменец. Се изјаснува како Бугарин. Не е спорно неговото неговото чувство. Јас не го спорам неговото бугарско национално чувство. Меѓутоа, нашата историја е таква. За тој дел ние треба да се едуцираме повеќе. Тој бил една од, ако може да има повеќе десни раце, меѓутоа близок пријател на Гоце Делчев. И да кажеме има една документација дека при една обиколка што ја правел Делчев на 4-ти јануари, Пејо Јаворов бил извежбан во дактилографско пишување со скратеници – пишува две букви, а не му треба целиот збор. Не знам тоа како се вика стручно, бил извежбан во тоа. И тој на колена при целиот тој студ, со тетратка и молив или што постоело во тоа време како средство за пишување, му ги пишувал белешките на Гоце Делчев. Тој е прекрасна приказна. Подоцна тој се жени со една од најубавите Бугарки во тоа време, Лора Каравелова, ќерка на Каравелов. Да ја завршам приказната за Пејо Јаворав. Тој се жени со неа и пазете ја таа филозофија која ние никогаш нема да ја сфатиме. Дента прават свадба, во црквата венчавка и одат в соба и доаѓа Лора и го гледа овој се преоблекол во комитско. Чекај, каде одиш, прва брачна ноќ? За Македонја, четата вечер оди за Македонија. И и вели, јас тргнав. Ја оставате најубавата Бугарка во тоа време и заминувате за Македонија. Заедно со Гоце Делчев, со нашата легенда. Подоцна Лора Каравелова се самоубива. Бугарскиот суд го обвинува Пејо Јаворов. Тој тоа не може да го поднесе, запаѓа во криза. Тодор Александров, една од најголемите фигури, вие сметате дека е Тодор Александров, јас останувам на Гоце Делчев, па потоа сите други, меѓутоа, Тодор Александров определува посебна група на луѓе да го чува Пејо Јаворов, за да не изврши самоубиство. Тој сепак успева да дојде до некој пиштол. Прво пука, ослепува итн. Потоа пред да умре пишува писмо, жали затоа што не може да биде закопан во Македонија, туку ќе биде закопан заедно таму каде што се коските на неговата Лора. Една од најубавите приказни. Пазете прво револуционерна, второ љубовна приказна, трето приказна која што дава светло и за самиот Тодор Александров, кој кај еден дел од македонската популација поради таа историска македонска пропаганда од времето на комунизмот кога беа одбирани левите, па десниве не чинеа како Александров итн. и затоа што се смета дека е нарачател на убиството на Ѓорче Петров, кое ние го отфрламе. Меѓутоа ние имаме една од најубавите приказни претставена преку човекот којшто по потекло е Ерменец, се изјаснува како Бугарин, а е прв соработник на Гоце Делчев. И ние тоа не го знаеме.

Бугарите го знаат, па го кријат.

– Уверувам дека обичниот бугарски граѓанин не ја знае приказната. Целата приказна во детали јас ја имам пишувано и објавувано одамна. Мене ме интересираше тој револуционерен дел на Пејо Јаворов, горе доле е познат. Нели ги пишувал белешките, тој мисмал некаде во март 903-та се разделува со Гоце, не се гледаат веќе после тоа кога Гоце тргнува кај Ангиста да го крене тунелот, и потоа Гоце го убиваат итн. Не е битно. Овој дел мене ме интересираше. Тоа ви велам, ние мора да ги знаеме тие луѓе приватно.

Мостовите јас ги викам, баш мостовите се тие.

-Вие имате човек којшто ја остава сопругата првата брачна ноќ, заминува за Македонија којшто кога умира се самоубива, умира тој заради неа. Не може да живее без неа. Меѓутоа, пред да умре тој не вели закопајте ме кај Лора. Он вели – жалам што не може да бидам закопан во Македонија. Одете вие сега разберете го тоа и одете објаснете се со некој Љупчо Ѓоргиевски или не знам што, за тоа дали сме биле србомани или ова и она. Не, меѓутоа  ние имаме проблем што не го отвораме тој дел, тоа да. Дека имаме проблем што, на пример, кај нас нема гости не само како што реков од Бугарија, туку и од другите земји. Тоа да. Знаете како, пак од друга страна вие може да донесете десет српски пеачки или десет српски пеачи, или еве вчера разбрав за еден од современите најдобри српски поети кој ќе гостува во Скопје во октомври. Јас од петни жили уште од сега се обидувам да добијам интервју со него не е затоа што е Србин, туку  затоа што е добар. Треба да го донесеме и Бугаринот, треба да го донесеме и Гркот и да кажеме овие се најдобри во својата област. Зошто ние не го постигнеме тоа ниво? Или вие не можете ако донесете оперска пејачка какви што имавме ние интервјуа во МИА. Ама ние го имаме Игор, ја имаме неговата сопруга Ана. Мора сите да ги ставиме и да добиеме една целина, затоа што во крајна линија, во интервјуто по повод две години Влада со премиерот Мицкоски, го прашав за неговата идеја.  Тој вели во светот во наредни десет години треба да се инсталираат 40 000 теравати. Јас слабо ги разбирам тие енергетски термини. Тоа во пари изнесува толку и толку. Ако го обединиме Западен Балкан и да настапи пред тие светски инвеститори да ги донесе тие инвестиции толку на Балканот, зборуваме не знам за 400 милијарди годишно, а сите земји од Западен Балкан годишно имаат 200 милиона БДП.  Ако го обединетите Западен Балкан добивате бенефит. Поентата што сакам да ја доловам – зошто тоа не го правиме и во делот на културата, во делот на уметноста, спорт, итн. Се уште имаме навивачи на Црвена ѕвезда, на Партизан, ама ние не знаеме да наброиме пет клубови на пример од Грција. Иако сега можеби малку примерот не е соодветен затоа што спортот е на ниско ниво во сите овие земји, но тоа е поентата. Ние мораме тие односи да ги градиме, за да ги разбереме тие луѓе, и како што го употребив оној не добар термин за којшто реков, потоа на политичко ниво да имаме алатка да ги знаеме како размислуваат,  да може да се справиме со нив, и да го добиеме тоа што ние сакаме и во крајна линија не себеси, туку на цел свет да му докажеме, слушај ова не оди вака. Не уценувате и не прифаќаме, ќе останеме, добро, ќе тераме сами. Ама тоа не значи изолација. Тоа е пак проблемот. Пак доаѓаме на домашен терен којшто во интервју за МИА го истакна претседателката Сиљановска. Не можам да се убедам со опозицијата дека треба да бидеме единствени. Не може власта да вели нема Бугари во Устав без гаранција, а вие да се нудите сами. Со 120 000 гласови, да се нудите сами на Брисел, донесете не нас власт, ние ќе ги внесеме Бугарите. Да, ќе ги внесете, за шест месеци ќе не блокираат пак. И што ќе правите, што оправдување ќе имате тогаш?

Апсолутно се согласувам со тебе Дарко за оваа работа. Потполно исти ни се ставовите, верувај. Сакам да го чујам твојот став во врска со последниот скандал што се случи со дипломатската нота којашто беше испратена од Македонија кон бугарското МНР со тоа дека е обелоденет документ којшто ја загрозувал безбедноста на семејството на претседателот на Владата на Република Македонија?

– Прво, беше недостоен потег на бугарската власт тоа. Тоа што мене ме интересираше, меѓутоа и тоа го прашав претседателот на Владата при интервјуто на МТВ, добро, кој е мотивот кога нешто правите, треба да имате идеја дека од тоа ќе добиете некаков бенефит. Прво, тоа не е можно според мене, без знаење на Јотова и на Радев, без нивен неформален амин. Нема  тие да искуцаат документи да се потпишат објавете за сопругата на Мицкоски и за неговиот син, но без нивен амин тоа не е можно. Кога правите такво нешто треба да знаете кој е бенефитот од тоа, кој е профитот. Во крајна линија кога некаде вложувате пет денари негде очекувате да добиете еден плус, шест. Така, што е овде бенефитот? Што кога сте го направиле овој скандал и на тој начин сте ја изгубиле довербата, колку и да е добронамерна нашата политичка гарнитура или довербата сте ја изгубиле. Не може вие да објавувате за мојата сопруга кај била или што била, а јас сум премиер на оваа држава. Претставувам не знам 1,8 или колку веќе народ има. Ги напаѓате со тоа тие 1,8 милиони луѓе, ги напаѓате нивните сопруги, нивните деца, преку мене. А што добивате? Ништо. И одговорот на премиерот беше не можам да кажам ништо друго освен дека ниски страсти. Какви ниски страсти, тогаш, чекај малку. Со кого ние имаме работа и што треба ние сега да направиме за некој кој задоволува ниски страсти. Нема мотив. Кој е мотивот да направите такво нешто? Затоа што во тие дипломатски кругови тоа е сепак некаков скандал и тоа сериозен.

Доверба на институциите се руши?

– Вие се доведувате во ситуација сега на пример сакате да разговарате неформално со некој бугарски висок претставник, нема да си дозволите. Затоа што не знаете дали наместил пред тоа да ве прислушува, дали тоа утре ќе излезе во јавност. Или во крајна линија од тој муабет, од тој разговор, да направат утре, задутре, како велат како беше она сечено, лепено, монтирано. Да ви спојат реченица која што нема врска со тоа што го размислувате или, на пример, во тие разговори може да примените тактика – да изгледа дека одоброволувате нешто што не е прифатливо за македонската јавност, меѓутоа е затворен, зборувате во затворена соба. Да примените тактика да видите како тој ќе реагира. Тие тоа утре може да го извадат и да кажат не, еве за тоа се залагаше. Немате доверба веќе во него, како ќе разговарате сега со него освен ако тоа не е пред десет камери и јавно, ама тогаш нема разговор, не можете да се договорите, нема суштина. Тогаш пазите на секоја запирка, на секој извичник итн. лв/паг/

ФОТО: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа