👁️  33

Јакимовски и петтемина вработени во О. Карпош ќе возвратат со кривична пријава до МВР за лажно пријавување за злоупотреба на должноста и бесправно легализирање на тениските терени кај Александар Палас.

Градоначалникот вели, предметот е „чист како солза“, а оние кои пријавиле тоа можеле да го увидат на само еден состанок во општината. Па оттаму смета дека поради, како што кажа целата помпезност, станува збор за политички монтиран процес и пропаганда.

-Не треба за ова да бидеш посебен стручњак, туку од сателит се гледа дека е политички монтиран процес во кој колегите кои го работеле предметот, јас не работам предмет, настрадуваат како колатерална штета само затоа што градоначалник им е Стевче Јакомовски. Јас сакам да им порачам дека, ако сакате да си правите маркетинг и да си правите политичко влијание, ќе си се вработите во маркетинг агенција, нели има има различни маркетинг агенции, а не во МВР каде што ве плаќаме со народни пари, наместо да гоните организиран криминал и корупција, вие се бавите со маркетинг и пропаганда, изјави Стевчо Јакимовски – Градоначалник на О. Карпош.

Јакимовски вели ова не е единствен ваков случај, па преку документација наброи неколку тениски терени во Скопје кои поминале низ слична процедура, тие се заведени во катастар и имаат имотен лист. Тој вели, хотелот, како и останатите имал одобрение за градба на земјиште дадено на трајно кориситење со надоместок кон државата. Единствено што Александар Палас бил без запишани права бидејќи не поднел документација навреме, па затоа поминале низ процес на легализација на својот имот согласно законот од 2016г, каде им биле наплатени 170.000 евра за постапката.

-Баба лаже, трап не лаже, овде имаме тениски терени, сопственост на Борис Трајковски, изградени 2013 година од страна на Владата на РМ, впишани во катастар, со имотен лист, значи она што го тврди Владата дека се времени објекти, еве ја нивната лага, односно МВР. Сакам да ги прашам стручњаците од МВР, како тоа впишани се во катастар како имот сите овие тениски терени, односно спортски терени во сите други општини, само тоа во Карпош не смеело да се впише и како тоа сите имаат право на упис во катастар, имаат право на сопственост, само господата од Александар Палас немаат право на сопственост, рече Јакимовски.

Во меѓувреме од обвнителството за Канал 5 посочија дека веднаш по примањето на пријавата е оформен предмет и по истиот се постапува.