ИЗВЕСТУВАЊЕ од ,,КЈП Нискоградба ” Битола :
Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека спортските реквизити кои беа поставени во новиот парк во Нова Битола, се времено демонтирани од страна на КЈП ,,Нискоградба” Битола и истите се наоѓаат во нашиот стопански двор.
Демонтажата е извршена заради поставување на подни гумени плочки. По поставување на подни гумени плочки, спортските реквизити ќе бидат вратени на постоечката локација.







