Исак Бонга го напушта Партизан и заминува во НБА

Германскиот кошаркар Исак Бонга би можел да го напушти Партизан оваа лето.

На 38 натпревари во Евролигата, тој имаше просек од 9,9 поени, 5,6 скока и околу 14,3 индексни поени на натпревар, додека во АБА-лигата имаше просек од малку помалку поени, 7,4 на натпревар, што го прави еден од најкорисните кошаркари во црно-белиот дрес.

Инаку, тој  има клаузула во договорот што му овозможува да го напушти белградскиот клуб во случај да му се исплати отштета.

Грчките медиуми објавуваат дека Панатинаикос и Олимпијакос сериозно загризале за крилниот напаѓач и лесно би можеле да го донесат во своите редови.