Машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, го претрпе првиот пораз во Б дивизијата на Европскиот шампионат.
Во натпреварот 2.коло во А групата, на првенството што се одржаа во Словачка, македонските надежи се поразени од Ирска 56-69.
Најефикасен во македонскиот состав беше Коста Ќириловски натпреварот го заврши со 17 поени и четири скока, додека Марко Луканоски со 12 поени и шест скока, а Младеновски освен седум реализации додаде и десет додавања и четири скокови.
Според распоредот на натпреварите во групата „А“, Македонија во третото коло е слободна, што ќе биде дополнителна можност за одмор и подготовка пред следниот предизвик.
Нашата младинска репрезентација на теренот повторно ќе истрча на 14 јули, кога од 13:30 часот ќе се соочи со селекцијата на Шведска, во натпревар кој може да има големо значење во борбата за пласман во следната фаза на Европското првенство во Братислава








