Иран го повика СБ на ОН да го принуди Израел да ги запре нападите врз Либан

Амбасадорот на Иран во Обединетите нации, Амир Саеид Иравани, синоќа го повика Советот за безбедност на ОН да дејствува решително и да го принуди Израел целосно да го почитува прекинот на огнот во Либан.

Во дебатата за ситуацијата на Блискиот Исток, Иравани посочи дека Советот за безбедност на ОН треба да обезбеди и Израел „веднаш да ги запре сите напади врз цивилите и цивилната инфраструктура и да ги повлече сите свои окупаторски сили“ од Либан, објави денеска Ал Џезира.

Тој, исто така, ги осуди американските и израелските напади врз Иран, како и акциите на Израел во Газа, окупираниот Западен Брег и окупираната сириска Голанска Висорамнина.