👁️  145

За предизвиците на младите, програмата на ВМРО-ДПМНЕ го нуди патот кон подобра иднина за младите преку реални и остварливи мерки и проекти, кандидатот за пратеник и претседател на ВМРО ДПМНЕ Битола ги повика младите од говорницата на централниот митинг на Широк Сокак да бидат партнери за повторно Македонија да биде горда.

-Добро вечер мои драги битолчани, би сакал да дадеме еден громогласен аплауз за идниот премиер на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, идната претседателка на Република Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, носителот на изборна единица број 5, Ѓорѓија Сајкоски, кандидатите за пратеници, Олга Лозановска, Пеце Милевски и Силвана Ангелевска, како и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Република Македонија е обоена во црвено! Граѓаните покажаа и докажаа дека не сакаат да живеат во корупција и криминал. Никој не може да си поигрува со трпението на народот.

ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник, како што беше на 24 април, така ќе биде и на 8 мај. А за тоа заслуга имате вие почитувани мои драги битолчани и граѓани на Република Македонија!

Повеќе сакам да се осврнам на ситуацијата со младите во државата. Младите се соочуваат со разни предизвици во разни области на животот во нашата држава. Сведоци сме како во последните неколку години сѐ повеќе е присутна депресијата, апатијата и безнадежноста во нашите млади генерации.

Доаѓа тој период од годината каде младите ја напуштаат Република Македонија за да одат на работа во земјите низ Европа, како и надвор од неа. Двајца мои блиски пријатели ја напуштаат државата во текот на утрешниот ден за да работат во Хрватска. По неколку недели, ќе мизаминат уште двајца другари. Ситуацијата е алармантна и неопходни сепромени, веднаш. СДСМ како измеќари на ДУИ, сакаат цела држава и сите нас, со се нашата иднина која наводно ни ја ветуваат, да ја стават во заложништво на криминалот, корупцијата и личните интереси на мал круг на луѓе, за сметка на интересите на државата и сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ нуди надеж. Платформата 1198 содржи решенија за проблемите за сите млади, без разлика на етничката, верската или политичката определба. Имаме конкретни решенија за образованието, вработувањето, здравството, културата, спортот, животниот стандард, правото и правдата и функционирањето на системот во кој ни ја срушија довербата.
Целта на оваа програма е конретно, решително, брзо и рационално да одговори на нивните потреби и проблеми.

  1. Дом за млади е една од мерките во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
    За да не треба младите брачни парови да го бараат решението со напуштање на државата за да си обезбедат покрив над главата.
  2. Јас лично потекнувам од семејство со три деца, имам уште два браќа. Кога за прв пат се воведе мерката за учебници за секој ученик, моите родители почувствуваа олеснување на месечниот буџет и уште паметат кога не требаше да се грижат да копираат, принтаат или да купуваат учебници за своите три деца на први септември. Затоа за учебната 2025/26 година, идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ предвидува секој ученик да има учебник пред својата клупа.3. За нас младите исто така и спортот е во главен фокус, каде по 1 денар од секој литар наточено дизел гориво директно ќе биде наменет за спортот. Ќе се подобри статусот на спортистите и ќе се обезбедат поголеми средства за секакви спортски намени.
  3. Ова се само некои од проектите кои се во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
    Ова се само мал дел од проектите кои нудат надеж, нудат решенија и визија за младите да останат во Република Македонија. Нѐ очекува тешка борба за воведување ред во безредието кое го создадоа. Но доколку се има искрена желба и вистински луѓе кои знаат како – сѐ е возможно.
    На 8 мај, да го искористиме нашето граѓанско право, да ја дадеме поддршката на опцијата што нуди надеж, дигитализација, квалитетно образование, спорт, право и правда, здравство, култура, животен стандард, функционални институции и горда и достоинствена држава..
    Македонија повторно ќе биде горда, Македонија повторно ќе биде ваша.
    Да сте здрави и живи! Да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее Република Македонија, порача кандидатот за пратеник и претседател на УМС ВМРО ДПМНЕ Битола, Мартин Ивановски.