Хезболах го отфрли прекинот на огнот со Израел поддржан од САД

Милитантната група Хезболах денеска соопшти дека го отфрла договорот за прекин на огнот со Израел кој беше поддржан од Соединетите Американски Држави.

Групата во соопштението наведе дека „официјално го известила либанскиот претседател Џозеф Аун за своето отфрлање на договорот, инсистирајќи дека секој прифатлив договор мора да почне со целосно повлекување на Израел од целата либанска територија“, пренесе Скај Њуз.


Хезболах додаде дека враќањето на раселените жители, напорите за обнова и ослободувањето на либанските затвореници исто така ги смета за „неопходни услови за кој било иден договор“.

Милитантната група поддржана од Иран не беше дел од преговорите за постигнување на договорот за прекин на огнот. Израел и Либан се договорија да го спроведат прекинот на огнот, соопшти претходно денеска администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп. Двете земји објавија и заедничко соопштение за договорот за прекин на огнот.