Хеликоптер изутрината се урна на обиколницата во Мадрид и три лица се полесно повредени, јавија шпанските медиуми. Хеликоптерот се урна на патот М-40 на северот на Мадрид, недалеку од велесаемот ИФЕМА, каде деновиве се одржуваше саем на европското воздухопловство Европски ротор.
На местото на несреќата се наоѓаат возила со пожарникари и Брза помош.
Едниот од пилотите на хеликоптерот сам излегол од леталото, а на другиот му помогнала спасувачката служба, јави шпанската јавна телевизија ТВЕ. Првиот има полесни повреди на главата, а вториот на бутната коска.








