Американската армија синоќа го изврши десеттиот напад врз брод, кој наводно превезувал дрога. Во нападот загинаа шест луѓе, со што бројот на жртви во американската кампања против наркокартелите во Карипско Море се искачи на 46.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на социјалните мрежи објави дека со нападнатиот брод управувала бандата Трен де Арагва.
Ако сте нарко-терорист кој шверцува дрога во нашата хемисфера, ќе се однесуваме кон вас како кон Ал Каеда. Ден и ноќ ќе ги мапираме вашите мрежи, ќе ги следиме вашите луѓе и ќе ве ловиме и ќе ве убиваме, истакна Хегсет.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец испрати 10 борбени авиони Ф-35 во Порторико, територија на САД во Карибите, како дел од најголемото воено распоредување во областа во повеќе од три децении. Тој, исто така, испрати осум воени бродови и нуклеарна подморница во регионот како дел од декларираната операција за борба против трговијата со дрога преку Карибите кон САД.
Трамп на 2 октомври го извести Конгресот дека неговата администрација ги означила членовите на нарко-картелите како „нелегални борци“ со кои САД се вклучени во „немеѓународен вооружен конфликт“.
Документот имаше за цел да ја објасни правната основа на администрацијата на Трамп за распоредување на американски воени сили во Карибите. Според правните експерти употребата на воена сила против наводни криминалци во меѓународни води го заобиколува правниот процес и нема јасна правна основа.
Во минатото, операциите против илегалната трговија со дрога ги спроведуваше Крајбрежната стража на САД, главната агенција за спроведување на законот на САД на море, а не американската армија.
Трамп минатиот месец испрати 10 борбени авиони Ф-35 во Порторико, територија на САД во Карибите, како дел од најголемото воено распоредување во областа во повеќе од три децении. Тој, исто така, испрати осум воени бродови и нуклеарна подморница во регионот како дел од декларираната операција за борба против трговијата со дрога преку Карибите кон САД. (МИА)








