Денес од ова место, а пред координаторот на Владата на Република Македонија за Кочани, нашата Марија Митева, ветуваме 100 милиони евра капитални инвестиции за Кочани. Капитални инвестиции за иднината на нашите деца, за вистинскиот избор за подобар живот, за посилен регион, посочи Владко Грозданов, натпартиски кандидат за градоначалник на општина Кочани поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
-Овие средства, 100 милиони евра ќе се вложат исклучиво во инфраструктура, капитални проекти. Ова не се празни ветувања, веќе се работи со нашите меѓународни партнери, и ова не се редовни буџетски трансфери, туку ова се дополнителни средства 100 милиони евра. Целта е Кочани да стане центар во источниот регион. Град со европска инфраструктура, и услови за достоен живот. Ветивме и пак ветуваме, реконструкција на кочанската болница, ќе ја реновираме и модернизираме кочанската болница. Граѓаните да добијат соодветни здравствени услуги, зошто заслужуваат. Инвестицијата ќе биде во нова опрема нови одделенија, и подобри услови за вработените во неа, вели Грозданов.
Во делот на спортот, културата и младите, ветува и ќе изгради конечно затворен базен.
-Ветуваме нови спортски сали, и истите ќе бидат достапни за сите граѓани, сите спортски друштва. Ќе создадеме услови за развој на младинскиот и рекреативниот спрот. Ќе ги натераме младите да живеат здрав начин на живот. Крупните капитални проекти, ќе се во патна, комунална и урбана инфраструктура. Нови патишта, нови канализациони и водоводни систем, уредување на градскиот простор. Со овие проекти ќе се отворат и нови работни места и ќе се поттикне локалната економија. Кочани веќе нема да биде на маргините. Кочани ќе е во фокусот на нашата држава, ќе е во фокусот на државните и меѓународните инвестиции. Со овој план Кочани станува пример како една општина може да се развива со чесност, поштеност, посветеност, визија, стратегија и секако партнерство, вели Грозданов.