Горан Тонев во „Ништо лично“

Тој потекнува од музичко семејство во кое татко му е познат штипски гитарсист и басист, па така уште во старт ќе му биде предодредено музиката да му стане и хоби и професија, а гитарата неговиот инструмент. Уште на 13 годишна возраст ќе го оформи својот прв рок бенд, за подоцна да се едуцира на музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде ќе заврши како дипломиран музичар по класична гитара.

Покрај настапите со разни музичари и пејачи како акустичното дуо со Марија Данева на пример, тој и самиот ќе се обиде како пејач.

Така, во 2020 година ќе се појави како соло изведувач на сцената на најпрестижниот македонски фестивал на забавни песни „Макфест“ со песната „Моја и твој“ на Роберто Поп Димитров од групата „Кентаур“, со која уште претходно ќе застане на истата сцена како гитарист.

Следната 2021 година ќе сними уште една своја песна, „Не можеш без мене“ која ќе ја визуелизира и со видеоспот.

Истата година регионот ќе го запознае и како еден од учесниците во најпознатото регионално музичко талент шоу, „Ѕвездите на Гранд“, каде ќе се натпреварува под менторство најпрвин на Цеца Ражнатовиќ, а потоа под свое ќе го преземе рокерката Ивана Петерс.

Последните години сепак ќе биде запаметен како гитарист во последната постава на придружниот бенд на дуото кое ја доживеа најстрашната и најтешка катастрофа заедно со повеќе од 60 млади луѓе онаа кобна мартовска ноќ во пожарот на клубот „Пулс“ во Кочани.


За среќа, зашто како што самиот вели: „така сакал Бог“, тој ќе биде еден од двајцата од придружниот бенд на ДНК кои во најтешката катастрофа го преживеаа пеколот во Кочани. По повеќе од еден месец минати во кома и долготрајно лекување во клиниките во Кочани, Скопје и Солун, се’ уште закрепнува од последиците, меѓу останатото и со својата гитара и музика со која полека се враќа на сцената.

Песната „Да си со мене“ која е негово прво ко-авторско музичко дело снимено само неколку дена пред катастрофата, деновиве ја здогледа виделината на денот на музичките платформи и Јутјуб каналот.

За прв пат по несреќата во едно комплетно интервју пред камери, тој ќе говори и засемејното музичко наследство, за почетоците и првите слушнати песни, за љубовта кон хард рокот и неговите омилени светски и домашни групи и гитаристи, за стиловите пво свирењето гитара, едукацијата и музичката академија, неговиот прв рок бенд, за соло кариерата, фестивалскиот обид на Макфест и учеството во Ѕвездите на Гранд, за повикот да свири во придружниот бенд на ДНК…

Но и за деталите од кобната ноќ во клубот Пулс во Кочани, за тоа како успеал да го преживее пеколот на кочанската дискотека, за тоа кој го однел прв во болница, кога се разбудил од кома, коi биле првите зборови, кој и кога му соопштил за страшната судбина на колегите од групата и сите жртви во трагедијата, за физичкото заздравување и психичката состојба, за третманот на лекарите во клиниките во Кочани, Скопје и Солун, за втората шанса за живот што Бог му ја подарил и враќањето во нормален колосек, за контактот и средбата по заздравувањето со Ана Костадиновска – придружниот вокал на ДНК која покрај него уште само таа ја преживеа несреќата, за музиката како лек за душата и идните планови како ќе ја продолжи и во кој правец ќе ја насочи музичката кариера…

И за уште многу кажани и до крај недокажани нештa во ова издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ екслузивно за прв пат пред говори пред камери во еден поткаст или ТВ емисија по закрепнувањето од последиците од пеколната несреќа, екс гитаристот на ДНК, младиот штипски музичар, гитаристот и пејач, Горан Тонев.

Премиерата оди вечерва, СРЕДА,  27- ми мај со почеток во 20.00 часот,  ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (