Поранешниот премиер Зоран Заев и функционери на СДСМ блиски до него земале 250 милиони евра од Бугарија за да го прифати Договорот за добрососедство, а потоа преку своите октроирани наследници и Францускиот предлог и протоколите кои следуваа, со ваков основан сомнеж излезе безбедносниот експерт и поранешен полициси началник Љубомир Ѓурчески, кој во „За или против“ со Љупчо Цветановски изнесе наводи за оваа субверзивна акција на поранешните влади од Бихаќка. Ова, меѓу другото, е можеби и единственото логично објаснување на сдсмовското протежирање на бугарските наративи и желби, кое од Заев, па преку Ковачевски сега го продолжи и Филипче. Дали поставувајќи ги за „лидери“ на СДСМ, Заев ја продолжуваше и бугарската мисија? Логичен контекст на редица антимакедонски и антидржавни дејанија кои не им носат гласови и во низа ја уништуваат партијата од Бихаќка.
-„Република Бугарија од своето основање како држава константно одвојува средства од својот буџет за Македонија, дали било тоа за формирањето на врховистичките чети, за врховизмот т.е. за пропагандата која што ја врши во Македонија и по тој основ до мене дојде едно „оговарање“, јас затоа се уште зборувам за основано сомнение дека господинот Зоран Заев и екипата околу него имаат земено 250 милиони евра од Република Бугарија за да ја спроведат сета оваа досегашна работа која што ја спроведоа со Протоколите, со Договорот за добрососедство и така натака и така натака. Јас го чекам тој документ да го добијам за да можам јавно да настапам со доказ, се’ уште е само сомнеж. И дури и во таа моја конотација оди и она што премиерот Христијан Мицкоски го спомна на еден митинг во Македонија за „куферчето“, па некој се успаничи и веднаш реагираше, правдајќи се со ФБ статуси“, посочи поранешниот висок полициски функционер.
„Ја знаете онаа народната: Држете го крадецот, ама јас сум крадецот?“ вака Ѓурчески ја опиша паничната реацкија на Заев, кој се најде силно засегнат, па мораше да реагира од плажите во Дубаи и да се правда дека немало никакви ковчежиња со пари од Бугарија.
-„Се работи за на оваа тема, но не можам да речам дека 100 насто тоа е така, затоа што го немам доказот в раце. Ова е исто како што историски е докажано дека финансирањето на врховистичките чети оди директно преку Бугарија, заради нивното влијание тука“, потенцира безбедносниот експерт.
Веќе не е шега она новото „СДС Врховистичка“, потврдува Ѓурчески за партијата која од бугарофобска стана најбугарофилска номенклатура во Македонија. Потсетува на 1997-та кога Тито Петковски растурал бугарски летоци низ македонските градови во кои ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат за бугарофилија.
Целата емисија „За или против“ на ТВ Алфа со Љубомир Ѓурчески погледнете ја на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=wmTWe41CPr0&t=5s