Георгина со сосема нов имиџ: Еве како сега изгледа вереницата на Роналдо

Георгина Родригез привлече големо внимание на Канскиот филмски фестивал откако се појави со сосема нов имиџ.

Верицата на Кристијано Роналдо ја промени бојата на косата и се претстави како русокоса за прв пат на настанот „Caring women in motion“, кој се одржа за време на 79-тото издание на фестивалот во Франција.

Георгина носеше црно одело со светло сина јакна и отворена кошула на црвениот тепих, додека фотографиите од настанот брзо ги преплавија социјалните мрежи.

Моделот и инфлуенсерка во последните години сè повеќе гради кариера во светот на модата, а нејзиното појавување во Кан предизвика бројни реакции кај нејзините следбеници.

 

Родригез и Кристијано Роналдо се верија минатиот август по девет години врска.

Според странските медиуми, свадбата треба да се одржи по Светското првенство во 2026 година.