Во рамките на отворениот ден за граѓаните, утре, 28 мај 2026 година (четврток) со почеток во 12:00 часот, на градскиот стадион во Штип, претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе ја посети презентацијата на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата.
На настанот кој е организиран по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), граѓаните одблиску ќе може да се запознаат со способностите, професионалноста и подготвеноста на припадниците на Армијата.
Презентацијата на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата ќе се реализира утре, на градскиот стадион во Штип, а воедно ќе биде отворена за граѓаните во период од 10:00 до 14:00 часот, соопшти Канцеларија за воени односи со јавноста, Генералштаб на Армијата.







