Генералното собрание на ОН на 2 јуни избира нов претседател

Изборите за нов претседател на Генералното собрание на Обединетите нации ќе се одржат во вторник, 2 јуни, а земјите-членки треба да направат избор меѓу двајца кандидати за наследник на Аналена Бербок.

Претседателот на Генералното собрание на ОН обично се избира по ротација од еден од петте региони, а овој пат треба да се избере од Азиско-пацифичката група.

Кандидатите за таа позиција се искусни дипломати – актуелниот министер за надворешни работи на Бангладеш, Халилур Рахман и амбасадорот на Кипар во ОН, Андреас Какурис.