Генерал Мојсиловиќ: Србија ја распоредува армијата долж границата со Косово

Началникот на Генералштабот на Војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ, итно замина во Рашка по средбата со врховниот командант на српската војска Александар Вучиќ.

Мојсиловиќ изјави дека ситуацијата на северот на Република Косово е исклучително сложена и бара присуство на армијата долж административната линија. Војската на Србија добила прецизни задачи кои ќе ги реализира, вели тој.


Приштинскиот режим на Аљбин Курти денеска му забрани на српскиот патријарх господин Порфири да влезе на Косово, а во Зубин Поток вечерва околу 19 часот и 45 минути албанските специјалци отворија оган врз локалното српско население.