ФОТО: Темелно се реконструира патот кон Средно Водно

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека започната е темелна реконстркција на патот кон Средно Водно.

-Водно е душата на Скопје. Место каде генерации скопјани пораснале, место каде се бара мирот по напорниот ден, каде семејствата го поминуваат слободното време. Токму затоа, со сериозен пристап и силна динамика, започнавме темелна реконструкција на патот кој води кон Средно Водно, вели скопскиот градоначалник.

Покрај реконструкцијата на коловозот, се уредуваат и сливниците за атмосферските води кои долги години беа нефункционални и неодржани, а се обновуваат и еластичните одбојни огради (банкини), кои исто така повеќе децении стојат оштетени и непроменети.


-Решаваме еден долгогодишен проблем и овозможуваме поголема безбедност, подобра заштита на патот и негово подолгорочно одржување. Паралелно, во континуитет се одржуваат и патеките кон Водно, се уредува просторот и се заменува дотраената урбана опрема, за ова место повторно да го добие изгледот што го заслужува, истакнува Ѓорѓиевски.

Водно се белите дробови на Скопје и само со заеднички придонес ќе остане нашето најубаво место.