Безмалку 7 месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска почина Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК.
Панчо им подлегна на тешките повреди добиени во пожарот кој, сега, однесе 63 животи.
Неофицијалните информации говорат дека последните недели, особено последните денови се борел со тешка бактериска инфекција, која била животозагрижувачка, а лекарите и медицинскиот персонал и покрај целата борба и се што можеле да сторат, а било во нивна моќ, не успеале да му го спасат животот, пишува Вистина.мк.
Пријатели, соработници, јавни личности од Македонија и регионот во шок, тага и неверување се простуваат од Панчо преку социјалните мрежи. Она што го истакнуваат покрај тагата и болката во своите објави, е големината на Панчо како човек, човек со искрено големо срце и постојана желба за помош и подобро утре за сите.