👁️  383

Отворено e 28-то издание на Сараевскиот филмски фестивал, а на свеченото отворање присуствуваа бројни личности од светот на филмот, политиката и другите сфери на јавниот живот во Босна и Херцеговина.

На црвениот тепих прошетаа и бројни политичари од БиХ, меѓу кои и претставничката на Наша партија, Сабина Ќудиќ, која пристигна со нејзиниот сопруг, актерот Албан Укај.

Парот го привлече вниманието и со комбинацијата на облека, а Сабина откри дека зад нивниот стајлинг се крие интересна приказна.

Имено, Сабина облекла розов фустан со цветен дезен, кој го искомбинирала со сини чевли и чанта во слична нијанса.

“Фустанот е Џеј Кру, го купив неодамна во Америка. Беше на голем попуст, платив само околу 27 долари (1.600 денари). Чантата е стара 7-8 години, Масимо Дути, а накитот е на мајка ми. Се беше импровизиранo во последен момент“, изјави расположенаta Сабина.