ФОТО: Основното училиште на Панчо со емотивна објава се прости од него

ООУ “Љубен Лапе” Аеродром каде Владимир Блажев – Панчо од ДНК ги поминал училишните денови преку објава на социјалните мрежи се прости од својот поранешен ученик.

-Како колектив изразуваме длабоко жалење за веста која со неверување ја примивме денес – нашиот поранешен ученик Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата во Кочани, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.


Овој пост му го посветуваме нему, а преку него освен длабоко жалење сакаме да ја изразиме и нашата благодарност и чест што ги познававме и што имавме чест да соработуваме со членовите на бендот ДНК – прекрасни хумани луѓе кои секогаш несебично учествуваа во сé што значеше да се помогне некому, а за нив секогаш приоритет беа децата.
ВЕЧНА ИМ СЛАВА, стои во објавата на основното училиште на Панчо.

Панчо почина денеска, по седуммесечна борба со тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март оваа година.