👁️  369

По повод формирањето на првиот партизански одред ,,Пелистер” и загинувањето на дел од борците на 3 мај 1942 година, денес, традиционално, наставничките Гордана Угриновска, Лилјана Јошевска и Фанче Јошевска од ООУ ,,Елпида Караманди”-Битола со генерацијата од второ одделение беа во посета на АМД ,,Ѓорѓи Наумов”-Битола. За работата на АМД ,,Ѓорѓи Наумов”-Битола ги запозна секретарот Јонче Лајмановски. Претседателот на ОО на СБМ-Битола, и Стефан Бошков ги запозна учениците со животниот пат на првиот командант на одредот Ѓорѓи Наумов.

Учениците прочитаа свој рецитал и присутните полагаа цвеќе пред спомен-бистата на Ѓорѓи Наумов.

По повод загинувањето на Елпида Караманди и чествувањето на патронот на училиштето учениците пред нејзината спомен-биста имаа приготвено соодветна програма.

Цвеќе во името на училиштето положи директорката Татјана Дамчевска, а во името на ОО на СБМ-Битола претседателот Стефан Бошков.