ФОТО: Maкедонци и Грци здружено му помогнале на српско семејство кога автомобилот им се запалил на автопат

Семејство од Србија доживеало неволја на автопатот додека се враќало дома од одмор во Грција, кога нивниот автомобил се запалил.

Приказната за солидарноста и помошта при несреќната околност, семејството ја сподели на социјалните мрежи.

Имено, Македонци и Грци се нашле на местото на настанот и им помогнале да го изгаснат опожареното возило.