По објавата за разделбата на Пике и Шакира, македонско-бугарската старлета и манекенка Драгана Спасовска ја поврзуваа со шпанскиот фудбалер, а сега таа се најде на насловната страница на парискиот магазин Moevir, облечена во креација на познатиот македонски дизајнер Игор Марков.

Драгана Спасовска (26) која пораснала во Скопје, а во изминатите неколку години живее и работи во Дубаи се појави на насловната страница на модниот магазин Moevir од Париз.

Додека сѐ уште се шпекулираше за тоа која е новата девојка на Жерар Пике со која наводно ја изневерил Шакира, меѓу повеќето девојки се најде и името на македонско-бугарската старлета Драгана Спасовска, која во изминатите години живее и работи во Дубаи.

На Инстаграм профилот на Драгана може да се најдат поголем број фотографии со познати личности, меѓу кои и една со Пике.

Се шпекулираше дека Пике со Драгана тајно се гледал во Дубаи и така започнала нивната романтична врска.


Сега, откако фудбалерот и јавно ја покажа неговата нова девојка, Драгана пак се пофали со насловната страница за септемвриското издание на модното списание Moevir од Париз.

„Се гордеам со себеси“ – напиша таа до фотографиите објавени на Инстаграм.

Драгана носеше креции од македонскиот дизајнер Игор Марков, чиј бренд е познат како MarkovStyle.

На Инстаграм страната на Moevir, пак, пишува дека Драгана е македонско-бугарска инфлуенсерка и ТВ ѕвезда и модел, која снимила повеќе видео-спотови за познати пејачи, се појавила на насловни страници на македонски и бугарски списанија и дала голем број интервјуа за националната бугарска телевизија.