Вчера на Црковен собир во село Добрушево се одржаа единаесетти по ред Добрушевски средби, кои традиционално се организираат првата сабота после Велигден по иницијатива на Архиепископот Охридски и Македонски и Поглавар на Македонската православна црква, Господин Господин Стефан, роден во Добрушево.
Благодарност до Црковниот одбор, домаќините и сите присутни гости кои придонесуваат за негувањето на традицијата и фолклорот, за многу години, Христос воскресе – Вистина воскресе!