👁️  418

Планинарската Кула на Титов врв е вандализирана во периодот измеѓу 08-18 декември 2022, информираа планинарскиот клуб „Аргентус Монт“ . Нивната објава ви ја пренесуваме во целост:

На ден 24.12 2022, сабота, во содејство со Комисијата за планинарски домови при ФПСМ е извршен увид, фото и видео документирани штетите направени од ванадлизирањето.

Врз основа на увидот се констатира:

– вандализирањето е извршено од најмалку две лица за да би можеле на импровизиран начин да навлезат на горниот кат;

– учесниците планирано заминале со солидна опрема за палење на шпер таблите и алати за корнење и кршење;

– со палење на една шпер табла и потоа кршење е навлезено од првиот кат на вториот кат,направена штета од околу 5 000 денари;

– со насилни удари од внатрешноста со чекиџи на 10 прозори се искршени пластичните стакла-плексиглас, 8 на вториот кат и 2 на првиот кат, направена штета од 15.000 денари;

– на вториот кат еден прозор со удари од внатре со чекич е целсно откорнат и профилите фрлени надвор, направена штета од 8 000 денари;

– на вториот кат со удари од внатре со чекич скрешен рамот од еден прозор, направена штета од 6 000 денари

– запален агрегатот за струја од 3 KW, со 10 литри бензин во него ,направена штета од 20 000 денари,

– од запалениот агрегат е предизвикан пожар и изгорени се материјали и алати, кои биле зафатени во близината, дополнително ќе се утврдува штетата;

– со насилни удари уништени метална маса и две метални клупи планирани за приземјето во Кулата, донација од Сава пензиско, направена штета од 12 000 денари

– украдена батериска бормашина Black+Decer, направена штета од 5 000 денари;

– со насилни удари е оштетена трпезариската маса на вториот кат направена штета од 4 000 денари

– оштетена опремата од соларниот панел, нахнадно ќе се утврдува штетата;

– изгорени и испокршени и други материјали и алати кои дополнително ќе се утврдат при расчистувањето на штетите.

Со вчерашната акција привремено се затворени сите испокрешени 10 прозори со плексан и дрвени даски со што во

Кулата нема да навлегува снег во зимскиов период.

Целосната санација ќе се реалзира наредната година во организација на ФПСМ.