👁️  397

Што направи Фондацијата во 2022 година и кои се плановите за 2023?

1. Целосно бојадисување на целиот комплекс и поставување на заштита на надворешните прозори која штити од УВ зраци и непропустливост на топлина во спортскиот комплекс со фолија Lummar 40m2.

ДОНИРАЈ: ФОНДАЦИЈА ,,МАРКО БОЖИНОВСКИ” – ТУКА.

2. Санирани се тоалетите и соблекувалните во Спортскиот Центар „Марко Божиновски“.

3. Поставивме дополнително осветлување на спортскиот центар како и замена на постоечкото со поефикасни и поштедливи ЛЕД Панели. Извршена е целосна промена на старите неонки со нови ЛЕД Панели, вкупно 80 на број во целиот спортски центар.

4. За нормално функционирање на Спортскиот Центар „Марко Божиновски“, Фондацијата како дел од своите проекти планирани и реализирани, донираше основни средства за работа на комплексот:

• Лап топ
• Принтер
• Дезинефекциски средства
• Средства за хигиена
• Професионална правсмокуалка
• Професионален сет за хигиена и одржување;

5. Купени се 500 столчиња за едната трибина, увезени од Србија и донесени до Скопје. Екипа од доброволци бесплатно ги монтираше истите(во наредната фаза ќе се направи втората и третата трибина).

6. Успешно е организиран првиот клупски турнир У18, освен шест наши македонски екипи, гости ни беа екипите на Нексе и Војводина. За гостите кои доаѓаа надвор од Скопје беше организирано сместување и храна, платена беше медицинска екипа ( се разбира и пехари, дипломи и се што оди со еден таков турнир).

7. Во јуни месец испратено е едно дете од социјално ранливи категории на летен камп преку „Проект Среќа“.

8. Во јуни месец Фондацијата одвои средства за две деца од ранливи категории, кои се талентирани за ракомет и им овозможи учество на Ракометниот Капм во Охрид организиран од КМГ Спорт.

9. Во септември месец, Фондацијата купи училишен прибор ( комплет од ранец до се што е потребно за успешна училишна година) за 20 деца од прво до деветто одделение. И во оваа акција, дел од децата беа пријавени во „Проект Среќа“ и поради успешната соработка со задоволство одговоривме на нивната акција, но исто така и за деца од ранливи категории на територија на Општина Аеродром чии родители не беа во можност да им обезбедат се што им е потребно на своите деца, па Фондацијата се потруди исто и на нив да им врачи ранец со се што им е потребно за оваа училишна година.

10. Фондацијата организираше фестивал и концерт за почеток на училишната година како и за промоција на нашата работа и во Спортскиот Центар ги пречека членовите на бендот „Дубиоза Колектив“ на својот прв Фестивал по име „Нема Ред 1“.

11. Купени се 600 столчиња за втората трибина, увезени од Србија и донесени до Скопје. Екипа од доброволци бесплатно ги монтираше истите(во наредната фаза ќе се направи и третата трибина).

12. Фондацијата купи нови маси за љубителите на Пинг-понг, палки и топчиња, ги смени мрежите на головите, стави нови мрежи на кошевите и уште многу ситни работи за кои нема потреба да се пишува.

13. Комплет опремена теретаната, направени се шкафчиња за чување на спортски реквизити.

14. Ангажиран е тренер за реализација и спроведување на програмата со спортски активности за деца со попреченост во развој во СЦ „Марко Божиновски“. Тренерот еднаш неделно, или четири пати месечно организира тренинзи за децата со попреченост во развој.

15. Реализирани предавања на тема „Спортот како алтернатива на дрогата и алкохолот“ во соработка со Град Скопје!

16. Донирани се средства за рано откривање на леукемија на малолетно дете, жител на Општина Аеродром, средствата се уплатени на сметка на родителот со цел дополнителни лекарски прегледи за рано дијагностицирање на болеста.

17. Донирани се средства за часови со специјален едукатор и рехабилитатор за дете со посебни потреби за месечни посети на дефектолог, логопед и рехабилитатор, како и пакет дефектолошки третмани за рана интервенција, рана стимулација и реедукација на психомоторика кај деца

18. Ангажиран е тренер за работа со младинците на РК Аеродром, Фондацијата ги превзема трошоците за месечен надомест за работата на тренерот.

Што се случува сега? Што сега прави Фондацијата во првите три месеци од 2023 година?

19. Порачани се уште 540 столчиња за последната трибина кои треба да бидат увезени од Србија и со тоа комплетно е завршен проектот за поставување столчиња на сите три трибини. Трибината би требало да биде завршена до крајот на месец април.

20. Започнат е проект опремување сензорна соба во една од градинките во Општина Аеродром – ентериерно уредување на сензорна соба како и потребните дидактички материјали и материјали за работа и опуштање на децата.

21. Започнаа подготовките за вториот ракоментен турнир за млади до 19 години кој ќе се одржи од 16 до 19 јуни во „СЦ Марко Божиновски“. Ви благодариме на довербата и поддршката и ветуваме дека секоја ваша донација ќе стигне секогаш онаму каде што е најпотребно.Со почит,Фондација „Марко Божиновски“.

ДОНИРАЈ: ТУКА.

Приклучи се и помагај
Секој заслжува шанса

Доколку имаш идеја, време за реализација, ведар дух и сакаш да помогнеш за реализација на проектите кои ги планира Фондацијата Марко Божиновски, контактирајте не и оставете ги вашите податоци преку кои ќе може одговорните лица да ве контактираат.

Секоја ваша помош е поддршка кон остварување на сите проекти кои Фондацијата има за цел да ги реализира и помогне каде што е потребно, – СТАНИ ЧЛЕН.

Донација на трансакциска сметка

Сметка: 300000004782136 – Комерцијална Банка
Назив: Марко Божиновски – Скопје

Девизна сметка

Сметка: 0270100386639 – Комерцијална Банка
Назив – Марко Божиновски – Скопје
IBAN: MK07300701003866387
SWIFT: KOBSMK2X