Фатен со дрога во ноќен клуб, па направил хаос во полициска станица: Нападнал полицајци, сакал да бега

На 19.04.2026 во 02:50 часот во ноќен клуб на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода  Н.Т.(28) од Пробиштип затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По пристигнување во кругот на Полициската станица Карпош, Н.Т. физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да побегне, но бил совладан и приведен во полициската станица.


По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.