Црвена Звезда беше убедлива против Басконика и ја совлада со 90-72 и продолжи во одличен ритам во Евролигата. „Црвено-белите“ од Белград стигнаа до четири победи во низа.
Тимоти Луваву Кабаро беше најдобар поентер на средбата со 24 поени, додека кај Црвена Звезда се истакнаа Милер-Мекинтајер со 20 и Нвора со 19.
Жалгирис направи „брејк“ и слави на гостувањето кај Барселона со 73-88.
Литванскиот гигант стигна до четвртата победа, а каталонскиот тим до третиот пораз по шест рунди во елитното европско натпреварување. Маодо Ло беше прво име во победата на Жалгирис со 20 поени, додека Пара од Барса имаше 17.
Хапоел Тел Авив ја совлада екипата на Монако со 85-77, Валенсија по огромна драма слави на гостински терен кај Олимпија Милано со 100-103, а Асвел триумфира на домашен паркет против Дубаи со (85-79).








