👁️  26

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го надмина Шпанецот, Карлос Алкараз со освојувањето на УС Опен по заработка во 2023 година.

Ѓоковиќ на тој начин му зададе двоен удар на Шпанецот, имено по враќањето на првото место на АТП листата, Новак стана првиот играч кој ја надмина бројката од 10 заработени милиони долари во 2023 година!

Ноле сега има заработка од 10.590.175 долари во 2023 година, а Алкараз останува на над девет милиони.

Новиот шампион на УС Опен, исто така, ја продолжи својата невидена доминација во наградниот фонд во кариерата на 175.281.484 долари. Ѓоковиќ играше во сите четири Грен слем финалиња оваа сезона, освојувајќи три титули – вклучувајќи едно финале.

Ѓоковиќ сега е фаворит за четврта сезона по ред да ја предводи годишната наградна листа. Минатата година заработи импресивни 9.934.582 долари, и покрај тоа што ги пропушти големите настани како што се Австралија Опен, УС Опен, Индијан Велс и Мајами.

Сепак, неговиот рекорд се уште е оној од 2015 година кога заработи 21.146.145 долари.