Енрике по победата над Баерн: Без сомнение, ова беше најдобриот натпревар во мојата тренерска кариера

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го нарече полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен (5:4) најдобар во неговата тренерска кариера.

-Никогаш не сум видел натпревар со таков интензитет. Сега не е време да посочувам недостатоци. Денес заслуживме да победиме, заслуживме да биде нерешено, заслуживме да изгубиме. Беше фантастичен натпревар. Без сомнение, ова беше најдобриот натпревар во кој сум бил вклучен како тренер. Толку сум уморен, иако не сум истрчал ниту еден километар, дури не знам ни како се чувствуваат играчите, изјави Енрике за „ESPN“.


Реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен ќе се одржи во Минхен следната недела, на 6 мај.

Победникот од оваа пресметка ќе се пласира во финалето, каде што ќе се соочи со поуспешниот од натпреварите помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал.  (МИА)