Емотивна исповед на Мики Секуловски вечерва: Се затворив дома, ги пиев сите можни антидепресиви (ВИДЕО)

Во тек е последното издание за оваа сезона од поткастот „Без лимит“ чии автори и водители се Стефан Лазаров и Зоран Василевски. Гостин е Мики Секуловски, велешанецот на кој за влакно му избега победата во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Талентираниот пејач првпат проговори за борбата со анксиозноста и депресијата.

„Ги пиев сите можни антидепресиви“, призна, меѓу другото, тој.

Раскажа дека бил кај психолог, но не успеал да му помогне. Рече дека едноставно бил затворен тип кој не се отвора, кој чува емоција, па можеби и тоа било причината.

„Брат ми ќе се изнавика, ќе се изнаплаче, а јас трпам.. Можеби затоа не ми помогна тој психолог“, вели тој.


Секуловски се соочувал со оваа состојба додека бил сам во родниот град, а неговите мајка и брат биле во Белгија.

„Овде бев сам.. И тука имам пријатели, ама не сакав никој да видам. Се затворив дома, не сакав никој да видам, се’ ми пречеше, ми пречеа звуци од автомобилите..“, искрен е тој.

Сето ова се случувало непосредно пред да се пријави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

https://www.youtube.com/watch?v=XxWwnFMknUM