👁️  369

Со добивањето на решението за суспензија, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска со придружба била изнесена од канцеларијата, а потоа и од зградата. Ова значи дека таа во истиот момент добила забрана за пристап до сите информации, документи, предмети. Русковска од канцеларијата можела да си ги земе само нејзините лични предмети.

Од попладнево, обвинителката и суспендирана шефица, нема пристап до Обвинителството со кое раководеше. Кога обвинителите се суспендираат, се обрнува особено внимание што изнесуваат со себе, особено поради предметите и доверливите материјали со кои располагаат.

Русковска добила решение за суспензија, по претресот за кој двајца обвинители од Републичкото обвинителство констатирале дека е незаконски. Сега, против неа се води и дисциплинска постапка која може да резултира со разрешување.

Мандатот на Русковска истекува во ноември.