Едно лице е убиено, а неколку се ранети при напад со дрон врз индустриско претпријатие во Новокујбишевск, во руската Самарска област, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Федоришчев.
Остатоци од дрон погодиле и станбена зграда во Самара, при што се ранети неколку граѓани, додаде Федоришчев.
Во текот на ноќта, руската противвоздушна одбрана соборила 154 украински дронови над Русија, вклучително и над Самарската област, јавија руските агенции.







