Албанскиот премиер Еди Рама беше во посета на Абу Даби за да изрази солидарност со Обединетите арапски емирати (ОАЕ) и претседателот, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, објавија албанските медиуми.
За посетата, која се случува во напнат момент за регионот на Заливот, Рама објави на социјалните мрежи.
“Во Абу Даби, непосредно да изразам братска солидарност со Обединетите Арапски Емирати и мојот драг пријател, претседателот Шеик Мохамед бин Зајед (Ал Нахјан) во ова турбулентно време за нашите пријателски земји од Заливот, за кои сум убеден дека ќе излезат посилни од кога било од искушението на конфликтот во кој беа цел на слепата одмазда на земја оставена во темниот агол на историјата, напиша Рама.
Во објава тој уште наведува дека неговите разговори со претседателот на ОАЕ биле водени „со цврсто верување дека најдоброто допрва доаѓа за оние кои сакаат мир и добронамерните градители на иднината“.
Ја нагласува поддршка за “пријателските земји преку одржување на јасен став за неодамнешните настани и преку потврдување на посветеноста на Албанија кон мирот и соработката во регионот”.
Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран во септември 2022 година по сајбер нападите што привремено блокираа голем број веб-страници и дигитални услуги на албанската влада и други институции.
Тогаш Рама изјави дека темелната истрага обезбедила неоспорни докази дека сајбер нападите биле спонзорирани од Иран.
Од почетокот на војната во Иран кон крајот на февруари, албанската пошта и е-поштата на албанскиот парламент беа цел на сајбер напади од страна на ирански хакери од групата „Татковина правда“, кои ја презедоа одговорноста и за нападите во 2022 година.
Во средината на минатиот месец албанскиот парламент усвои резолуција со која Иран се прогласува за држава спонзор на тероризмот.








