Двојни аршини во Битола?

Последниве денови сведоци сме како некои профили, меѓу кои и „Поинаку во Битола“, си земаат право да навредуваат, потценуваат и пцујат луѓе по социјалните мрежи и тоа без трошка срам, без ниту едно извинување, без ниту еден момент на самокритика.
Без разлика дали се работи за лична грешка, импулсивна реакција или свесно пцуење на цел град тишина. Како ништо да не се случило.

Но, кога некој друг ќе се изрази со сарказам или ќе каже нешто што ним не им се допаѓа – веднаш драма, сензација, осуди, објави, скандали.
Очигледно, за некои луѓе постојат двојни аршини едни за нив, други за сите останати.

Ние нема да дозволиме навредите и лицемерието да бидат мерка за јавна комуникација.
Битола е град на достоинствени луѓе, на чесни граѓани кои знаат да направат разлика меѓу аргумент и пцовка, меѓу став и омраза.
Може некој да мисли дека со навреди ќе собере внимание но вистината е дека граѓаните одамна ја препознаваат таа евтина игра.

Не мора да навредуваш за да бидеш различен.
Не мора да пцуеш за да бидеш забележан.
Доволно е да имаш став, култура и малку почит кон луѓето што живеат во овој град.

Битола гледа, слуша и памети.