На денешен ден, во 2023-та година, на 68-годишна возраст почина Војче Китаноски, познат хуморист, сатиричар и имитатор. Кариерата ја започнал за време на студентските денови, а често знаеше да каже дека тој е првиот стендап комичар на поранешните југословенски простори.
Китаноски е роден во 1955 година во Крапа, Македонски брод.
Гимназија завршил во Кичево, а дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје.
Автор е на „Енциклопедија за хумор и сатира“, „Антологија на 500 вицеви за деца“.
Беше 50 години активен како естраден уметник.
Имитирањето на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито беше неговата специјалност.