ДРАМА: Девојка нападнала момче со стаклен предмет на забава во Карпош

Министерството за внатрешни работи известува дека девојка синоќа во доцните вечерни часови нападнала момче со стаклен предмет за време на забава во Карпош.

„На 25.12.2022 во 04.00 часот А.Л.(22) од Скопје пријавил дека околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош бил нападнат со стаклен предмет од К.И. (женско лице)“, се вели во денешниот билтен на полицијата.