Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ заврши во првите редови на Федекс Форумот во победата на неговиот тим над Мемфис (134:127).
Се играше последната минута од натпреварот кога врз Словенецот беше направен прекршок, по што тој буквално „експлодираше“. По туркањето, тој заврши на клупата на Мемфис, удри во столче и револтирано извика.
– Доста ми е од оваа с**ње – можеше да се прочита од усните на Дончиќ додека беше на теренот.
https://twitter.com/i/status/1906180982375346284







