Домашен пудинг со чоколадо

Потребни состојки

530 мл млеко, поделено
100 г шеќер, поделен
прстофат сол
2 лажици пченкарен скроб
3 лажици незасладено какао во прав
1 големо јајце
2 жолчки
150 г полуслатко или горчливо чоколадо, ситно исечкано
2 лажици путер, исечкан на коцки
1 лажичка екстракт од ванила
шлаг, за сервирање

Подготовка

Во средно големо тенџере измешајте го поголемиот дел од млекото (480 мл) со половина од шеќерот и прстофат сол. Мешајте постојано и оставете да зоврие, па тргнете од оган.

Во сад со жица изматете ги пченкарниот скроб, какаото и преостанатиот шеќер. Додадете го остатокот од млекото и мешајте додека не добиете мазна смеса.

Добиената смеса додадете ја во врелото млеко во тенџерето, повторно вратете на оган и со постојано мешање оставете да зоврие.


Намалете ја температурата и варете околу две минути со непрекинато мешање, додека пудингот не стане доволно густ за да останува на задната страна од лажицата.

Во друг сад изматете го целото јајце и жолчките. Постепено додавајте околу една шолја од врелиот пудинг во јајцата, а потоа целата смеса вратете ја назад во тенџерето.

Гответе на умерена температура со постојано мешање додека повторно не зоврие, околу две минути.

Процедете го пудингот во сад отпорен на топлина.

Додадете ги ситно исечканото чоколадо, путерот и ванилата, па мешајте додека чоколадото и путерот целосно не се растопат и смесата не стане мазна и кремаста.

Пудингот распределете го во чаши или садови за сервирање и оставете го во фрижидер да се излади. Послужете со шлаг.